твојата љубов е ненасилна како бакнеж наместо шлаканица за да замолчам
2:49 PM

ante scriptum

само да помислам на твоето ќебе, се стоплувам



посвети ми се како на диета
биди горд на мене како на животен стил
испи ме како да сум ти во кафето сираче планета
чешкај ме како да сум јадеж ждерен на твојот тил




знам само за јазик од три збора:
ти, јас и ние.
за граматика со два пола:
горниот и долниот крај од твоето мое ќебе што ми е.




електрицитетот меѓу волнените ни чорапи
е термоелектрана со спалувачки капацитет
опасен по четири соседни галаксии




нашата љубов доаѓа со nota bene како предупредување:


Внимание. Исцрпување на сончевата светлина како последица
од една отповеќе фатална прегратка или продолжена насмевка.
Доаѓање до ѕвезден помор заради неконтролирани окуларни одблесоци
и најстрого интергалактички контролирани негативно егзистенцијално окарактеризирани навидум безпоследични по теориска линија пеперуткаво лесно полетни опасно незабележливи од векови крадешкум давани и со глумено одбивање подарувани, а такви, малечки, кој би рекол, кој би помислил, кој прв се осудил да ги осуди, и да ги опише и просуди, да ги обои и во страв и срам и страст да ги пие, па ако едно мене едно тебе делиш да сопрам тука криво ми е, слободно поземи си, без здив никој не останал за да се откаже од тие. бакнежи


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“