твоите пижами не ми даваат сон (или можеби погрешно ги употребувам)
4:20 PM
можеби не е доволно да си осамен
можеби за да пишуваш
мораш да си тажен
можеби не е доволно снег и Нова година
можеби за да создаваш
треба и да крвариш,
не само да се досадуваш
можеби и не е доволно
твоите пижами да
не ми даваат
сон
ќе почнам да ги облекувам
наопаку
конците на сонот
ми се заглавуваат на
нивното Ж
прва пижама... втора пижама...
трета пижама... бладање.
овци со очи нацртани
за хипнотизирање
ѕидовиве слушнале и полоши
работи од тоа во доба глуво
се препелкам на креветот
како риба на суво
колку интересен е таванот
Вотерхаус, Дали, Ван Гог
очите отворени јами
овците скокаат во нив сами
цело тело нервен завршеток
како клетка на прапочеток
млеко или бели зајаци
се добри за заспивање?
еден зајак... втор зајак...
100-та чаша млеко.
нешто правам погрешно,
не првпат некој ми рекол.
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“