Пофалба на палтото
12:46 PM
0 comments

Пијано како мамурлак во рано утро,
Боено од дождот,
Од гроздова кожинка кројка

Со џебови од две страни,
чиниш јами, две усти дрдорливи
утробата што си ја отцртуваат
како лушпа од ореви.

Деденце меѓу палтата што причестува туѓи облеки
со очи копчести, широки, ѕвонливи
пред мене што прогледале
што го најавуваат во доаѓање

Тоа, за да ме соблече пред светот е.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“