Твоето куче во жолта маица и со запепелена цигара во една шепа
1:44 PM
0 comments

златен појас околу мојата половина
кој безуспешно ми ја штити невиноста
долговлакнесто чергиче кое го постелувам
од бул.Асном до Партизанска
мајмунски мозок
со мудра кучешка муцка
две мокри очи - џамлии
кои се тркалаат кон зафрлени аголи
мермерна насмевка
од која гривата на Сфингата е градена
заканувачки опаш
како метрономска супстанца на воздухот
чии краеви оставаат книгообележувачи
меѓу дополу прочитани страници
неговото читање на Ана Каренина
е како флертување со идејата
да скокнам под Транссибирскиот воз
каде е веќе премногу топло за номадски дом
индиго јазик - храна за печати
со кои ги закопувам писмата пред испраќање
неговото движење предизвикува морска болест
а јас седам меѓу два ѕида,
на четири страни,
со стапала кои се гушкаат
со осамената прашина
од станот кој ми остана
а јас се потпирам со подот
со кој се потпираме меѓусебно
се изневеруваме на договорено
толку верно е нашето познавање
како опипани потамина низ сон
каде си ја поучувам љубовта на бонтон
тој хорор, хорор од исчекување
во времиња на разминување


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“


Песна од љубениот до заљубената
2:35 PM
0 comments

На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите трепки ко на тригрба камила
се одморија врз две калливи џамлии
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твојата коса брановидна ко на Џим Морисон
се сплете меѓу свежоумрени тревки
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите прстиња посакувани ко вкусни ќебапчиња
заиграа врз невидливи остатоци од ноти
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите глутиналии сеопфатни ко херојски потфати на Александар Македонски
селективно се сокрија од погледи



Лето 2043-то, клупата е само спомен за симпатична замисла
плоштадот замира, но на погрешна мапа од свиткана страница
градот доживеа средовечна климактериум драма
морето се истури од чашата на една потпијанета ем невнимателна дама


Море, ти, недоживеано сеќавање
безобзирен станар со културни навики,
преполн автобус во кој се ловат самовили,
презафатен вратар на детска градинка
кој не пушта деца и вештерки да си играат криенка

не требаше да те оставам да посонуваш под сенките
на заоѓање секогаш се пакуваат

земаат некогаш и тоа што сме го оставиле
и она што никогаш не го ни поседуваат.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“


leave you when the summer.
11:56 AM
0 comments

светот синевина розов сладолед
се топи врз планините


воздушесто коњче се обидува
да гризне облаче


небото е друг свет
населен тишини


ние ѕвездени прашини
паѓаме гравитациски покосени


клуч в зарѓана клучалка не влегува
помалку јас, пак во твоја приказна


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“


Н.
5:46 PM
0 comments

Tи си одиш.
Јас трчам.
Автобуси ме сопнуваат.
Сопирачки пискаат како
мачка фатена за опаш.


Ти си одиш.
Јас бегам.
Мајката на моето срце.
Велосипед со две раширени крилја.


Ако бог е вселена,
тогаш тоа е огромна
морска фока
со ѕвездени контури
и галактички мултижелудници.


Ќе се вратиш за три месеци.
And counting...


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“