i've gоt sо many things to tell you, words can get in my way
6:13 AM
се сместувам во фб група само за мене: за онаа која пропаѓа во шарите на неговиот џемпер
ја ловам твојата сенка меѓу меурчињата на кафето, тоа кипе, се прелива утрото врз шпоретот
стапалата ми се гушкаат под твојот џемпер со шари-провалии, ми паѓаат и зборовите преку нивните рабови
за да не ме чујат ги шепотам моите оргазми, како научени стихотворби за државен празник
по трите мртви папагали ја научив празнината да зборува, ја чувам во кафез и хранам со чоколадни банани од Европа
по тебе и него, по оној, и оној другиот од 3-то, ми остана само на оваа соба да и‘ посветувам песни во згуснатиот воздух со длето
патеписни, интимни, смешни,
па и‘ велам:
те запрашувам со мојата јајце-клетка во надеж дека како цвет ќе се отвориш
ќе дадеш плод со гени на четири бели ѕидови, украсни слонови, недогрицкани семки и рециклирани заробени под јорганот сонови
растам со ножните прсти кон твојот клиторис, светилката во средината светнува, ЕСМ пак ќе наплаќа за сексот, место храна ќе јадеме бонови за вечера
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“