Зависностите немаат брчки на лицето
6:09 AM

Ги распостелуваат домашните чаршафи по хоризонтот на градот
По 11 години, 12 години брак
таа ги наоѓа рецептите на неговата баба во својата коса
Болеше кога ја исцртуваше големата модрица на коленото,
тркалото на велоспипедот - часовник кој го мери просторот меѓу нив.
По 3 згрешени адреси, 6 сменети телефонски броеви
тој се спрепнува од нејзините сеќавања меѓу врвците за патики
Смешно беше кога и‘ пишуваше за плановите да гради колипки
во срцето на градот кое чукаше во ритамот на гулабите испуштени од раце.

Песокот се заглавува меѓу заби и ‘рѓосува челици.
Се кршат гранки за Бадник, мириса на измиени тегли
и срамежливки.
Ќе те погледнам, ќе ја потонам устата во шалот
како несреќен морнар во немирно море.
Се насмевнувам, не гледаш, а се смееш
Мислиш. знаеш се‘


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“