земјата по која дождот потопува
6:05 AM

Раката ми ја мимикрира синевината на кошулата
и воздухот е син
Сред лето е зима
Зима во соба со жолто-портокалови-кафени ѕидови
Капка по капка дожд се слева во крвта
Сакам банана
и сакам вц-шолја.

Желбите се едноставни кога имаш само жолтило во очите.
И косата.
Коските, верувам, се‘ уште ми се бели.

Замижувам како што често правев пред твоите очи.
Сакав да ги затворам капаците на поразите
и сакав да ги зачувам измолкнатите насмевки.

Желбите се едноставни кога се присетувам на сите воздишки.
И ах, ох, мхм,
меѓу сите неугодности при инспирација и експирација,
јас сум ладна, знаеш.
Јас сум само синевина.
Во твојата соба.

Во оваа туѓа соба, сепак,
каде што многу луѓе со жолтевина поминале.
Каде многу се измиле со синиот воздух на чекањето
ја гледам тенката цевка од мојата рака како продолжеток
од некогашните плетенки.
А плетенките беа продожетоци на мозочните ми виуги.
Па, никогаш не реков дека немам краток ум, нели?

Ми донесе виолетовки. Ги стави во тегла за ајвар.
Се насмеав. Твојата поезија е Вавилонската кула
под која сите личности, телокосопственици
се раскаруваат на сите светски јазици.
Не мора да ме убедуваш. Да, се обидуваат да напишат
само еден збор. Верувам дека почнува со боја...
и мојата најдобра претпоставка е.. дека почнува на В.


                                                                                                               на Н.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“