Во случај да живееме во бајка, да те потцетам...
6:04 AM

Со прстот поминувам по твоите прсти и велам:
„Ова е мое,
и ова,
и ова...“
Подобро отколку како кученце да ја означувам својата територија во аглите на твоите заноктици
прифати дека надреалистични ситуации се потребни
за да не‘ свестат од магичниот реализам на готиката која ни се случува
Егзорцирам вц-демони од твојата вц-шолја со света дезинфекциска вода
Се враќам во зградата каде црната мачка го посади своето семе и оставам ронки крај дрвото за да ги колве
Архитектура, огледало, чевел
Ти си мојата Ивица и Марица, а јас вештерката која ќе те зготви тебе
Ја одгледувам герила армијата на жолти мравки и се обидувам да смислам начин
да ги заврзам прстиве околу твојот врат
да ги носиш како ѓердан,
а јас да ги искористам твоите заби како зачин
Датите на месецов висат од календарот на конци
чувам миленичиња, исклучиво овци и волци
Се јадам за доручек, за ручек држам диета
за вечера ја варам мојата приватна руска библиотека
Се јавувам по телефон само кога си ѕвонам на мобилен
проблемот е - ни тогаш не си достапен.
Доживувам напади на присвојување територии
и велам:
„Она е мое,
и тоа е мое,
а исто така си и ти.“


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“