Ајде да си бидеме жаба еден на друг
6:08 AM

Секогаш замижувам
гледајќите зад очните капаци
како ме држиш за рака
покажувајќи ми ги сите места
на кои те фатиле мочајќи.

Духот на реката
покрај која седевме
гмечејќи костени
ме посетува во ноќта
и заедно заспиваме
читајќи хорор приказни.

Светот сега го гледам
во 32 карактери
како титлови за странски филмови.

Слушам, гледам, се насмевнувам,
понекогаш прегрнувам,
или попуштам, па и љубам.

Се сеќавам, пишувам, пишувам,
пропуштам такси на автобуска станица,
пазарам минути, губам.

                                          
П.С. Ајде да си бидеме желба еден на друг

Допирам, мирисам, црвенеам,
трчам по црвени балони,
отворам чадори, и. неволно. се будам.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“