Елегија за тој што седи до тебе
6:19 AM
на трепката на твојот образ како што заљубено паѓа по твоето лице
солза на правта е, а ние се гледаме, со погледи мешајќи вотка со шприцер
ги собрав книгите со кои ми се имаш подарено
ги полив со чоколаден прелив и шлаг
еве веќе саат и нешто џвакам и голтам,
а желудникот ни страница ми нема сварено
ама за помош земав и ацетон и лут кечап ама благ
нештата се исти, но не како порано
малку поинаку, малку полево изместено од центарот,
а малку да прошетаме на воздух,
а малку замислување како да ни е прв пат?
ти носам чинија со дезен на изгубен семир,
продаден јаглен и дотур на вар
за нова година се греам со кашлицата
која одамна не ми поаѓа од грлово, туку длабоко од стомак
некогаш мирисаше на изгорени воздишки
воздухот рони трошки од ветени колачи
јас се создавам од просторот меѓу твоите прсти
и се кријам во ноќта кога кучиња скитници се караат
како беззаби осамени баби, баби роги кои носат сонлив мрак
барам приказни, поучни, како се оставаат причини
пред куќен праг
во една мала соба покрај два мобилни
експлодира бомба и нечија рака изчезнува без траг
заљубена во трепката на твојот образ
стопени снегулки те купуваат за скршен мраз
ако ова не раѓа смисла, а нашево е изгубено
подај ми рака, се наоѓаме за век-века три-века два
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“