Човек во месечината
1:46 AM
Што правеше вчера во градината?
на полноќ
во затвор
од мисли-девојки на твоите невролошко-оправдани хареми?
Собираше гранки за гнездата
што никогаш не ќе ги посетиш
во стапки на други ќе заодиш
ќе речеш, Таа беше причината
Ех, би сакала да ти ги врзев неврзаните
ти твои кончиња
на краевите им тропкаат лончиња
празни, а домаќински исчекуваат
ќе го најдеш ти својот дом?
Сега гледам човек во месечината
со грмушка и куќен куче-пустиник крај слабината
Затворам очи секоја ноќ
полна ли е
празна
да бидам оптимист
да речам некогаш ќе те бакнам?
да бидам филозоф
да ти подарам цвеќе?
да, но само се чувствувам како
предвреме реализирано дете
Те сакам.
Полна месечина со лик на трагач по студени сечила.
Те сакам.
Занемев, а веќе влегла доброутринска светлина.
Те сакам,
и можам толку лесно без тебе
што чудо е
како уште те сеќавам
под плимата
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“