Koга се обидуваш нешто да му кажеш и не оди, маме му...
1:39 AM

бројам меурчиња во желудник
тебе ти праќаат облаци по нарачка
имам место во главава кое е само за тебе
точно да брцнеш еден прст
и ништо повеќе
што ако сакам да ти седам на срце?
ми се слуша твојот воздух
гоблени од неба,
и светов остана без ѕвезди за симнување
е не ми се пишува,
не ми се чита,
не ми се седи,
патикиве ми се излитени,
сандаливе инаетливи,
ќе врне дожд,
ќе одам боса...
ќе ме чекаш ли?

ронев мисли штркови
во ѕидови од камен и случаен колаж
други се обидуваа да добијат орално задоволство
од малку хартија и инвентивност
јас, имам мали зборови
мали реченици
малку ритам
се губам кога те наоѓам
и го изгубив влезот
па излегов на погрешна страна
се фатив како вртам кругови,
а во центарот беше ти.

на шега ти кажувам „те сакам“
само на шега сакам и да те најдам
на шега мислам на тебе
и шегата е на моја сметка
кога сфаќам дека...
некогаш јазикот не е доволен
треба помалку

вистина ли, ветерот е син
и е само пеперутка?


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“