твоите очи бунари (за полесно да се удавам во нив)
1:42 AM

во дворот

на куќата

крај патот

зелени жални врби

ја поздравуваат

прашината на

неодминливиот случаен патник


носи кошници

цреши

носи кутии

неискористеност

нов е

неотворен

мириса на кожа


јас во собата

со крцкави

врати на ормани

ги острам сечилата месечеви


во кујната

зовриваат тенџериња

твоите очи бунари

никогаш не научив

безбедно да нурнам во нив


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“