E одговори ми, де
1:41 AM

мојот милиброд        во ноќта       шета по креденци
........ лепливи траги од мармалад
како несмасно намачкани прсти со црвен лак .......

собирам купчиња

исечени насмевки
пецкави штипења на образи

зберувам парчиња

просеани сложувалки
исфрлени од употреба Дедо Мразови бради 

ќе ми ги продадеш желбите?

моите кришки леб се суви, гладни за се’
зошто светов упорно крие тајни за тебе?


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“