Чувствата кон тебе ги одгледувам во саксија со педигре
6:01 AM
Да му кажам дека го сакам како старецот-лист
кој со бастунчето под рака скока од гранката на ронливото есенско дрво
право во прегратките на топлата натопена земја?
Му посветувам песни на неговото тело кое ја содржи сета радост на оваа планета,
на неговите раце кои прегрнуваат светови каде жирафите се весели надгробни споменици...
ќе направи се‘ и по мојата смрт да ме насмее, развесели.
Само нему можам да му се развикам,
осудам за сите грешки и неправди во мојот живот
направени од мене и нанесени од други...
сепак никогаш не се осудува да ми суди.
Има уво кое ги собира најтивките воздишки во маси од луѓе завиени од громогласни звукови.
Бере прашања и одговорности, ги собира во чашка и ги пие на екс покрај коледарски огнови.
Го сакам со постојаната променливост на месечина,
кога сум и мачка и вештерка и најгорка причина -
да се стане рано за да се одвезат моите нервози до работа.
Низ прашина и дождови од скакулци, кога небото ја истура својата правда врз нашите глави;
и прст не се гледа пред око, небаре сме лилјаци
и тогаш добивам отворена врата за споделување на души - бакнеж, или два, на образ, рака, уста, невин, детски, платонски, другарски со ветување за надежи, страсен, силен, сеопфатен, со мудрост на квалификуван мислител доделен, под брановидни облаци и во смуртени влечки, со мојата мрсна коса од спиење и денгубење денски, зависен од концентрични мисли чиј центар сме ние, како јаболче кога се загризува и сок од боровинки кој се пие, подарен без очекување за возврат со камата, а и кога тој ќе биде грбав старец, а јас една разглаголена маленка сенилна баба...
на М. и Д.
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“