Дон Кихот и теоријата на вљубување во ветерниците
6:02 AM

кога легнувам врз тебе, легнувам до тебе
кога спијам на тебе, спијам со тебе
ти ми сонуваш меѓу ушиве, мојот мозок е вечен кревет
(
алтернативен наслов)
 
 
 
кога легнувам крај тебе
сеќавам во стомакот
дека целиот свет е сега
безбедно в кревет

спие, и сонува
како повторно
и пак
легнувам крај тебе
и сеќавам дека...
 
моите отчукувања се единствениот часовник во собава
еден на еден.

под каучот криеме изминати огласници за пронаоѓање на преживеаните Дон Кихот и Санчо Панса
- и се надеваме дека можеби ќе ги најдеме одразите во огледало -

но, тука сме - спроти ветерницата -
и со жито од непознато потекло мобилизирано во коските

се‘ се плашам да не сме само помошниците - знаеш,
едниот коњот, другиот магарето
под тежината на човечкиот сон во јаве
- а од нас ќе останат само самарите.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“