Кога не си тука... (моето тело е азбука. јас пишувам со допири)
1:49 AM
јас... бројам брчки на ножни прсти
и... го исцртувам твоето име по десната половина од телото
а... пишувам „затоа што невозможното е единствено можно“ на
левата рака со пенкало
можеби... треба да го напишам тој роман
да... за магичната фонтана и сите нејзини мисли
некогаш... јас претекувам од една состојба во друга
растам... стареам... повторно се раѓам, а измеѓу сонувам...
дека сум птица... а упорно се слизнувам на скали и паѓам.
Се просветлувам во бари со мочуришни комарци, крај импровизирани
стаклени градини
Сред Вардар е израснат остров, калемат капини и јаготки.
Собирам рецепти и гледам документарци за твои омилени режисери.
Внимателно одбирам песни, кои звучат шушкаво и немоќно за радио бранови.
Давам можности, потопувам шанси, учам уметност на правење речници.
Си го поплочувам патот до тебе со стихови.
Но, моето тело е азбука; ти, момчето од улицата со обоени ѕидови; а јас пишувам со допири.
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“