ти графитираш црни дупки по моите ѕидови
1:48 AM

додека го слушам Гинзберг како зборува кадиш за својата мајка
(како егзотична храна, непознат јазик на избледена страна)
гласот му трепери
и сфаќам, тој е само обичен човек со немири
под моливот,
хартијата трпи
сонува за безплодни денови

небото беше заробено во сценски ефекти
ѕвездите обоени розово
масите празни прекриени со црвен тепих
питачите населени во аголот на нашите трепки

гушкаат снешковци
иницијација во некој потопол свет
Розенкранц и Гилдернстерн
се губиме помалку со секој изминат век

цедам причини за дишење
по подот
крај алеите засадени јасноглетки
посетувам зоолошка
парк
се‘ уште не те затвориле
се‘ уште на слобода
... ми јадеш од утробава


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“