Трепкајќи на знаци од сенишни семафори
5:59 AM
Имам три палта - едно за пред луѓе,
друго за со себе,
трето за меѓу патишта.
ми вели мојата љубов не му е доволна
некогаш ми вели треба да се пропуштам
понекогаш вели треба да кажам да
понекогаш треба да научам не
понекогаш можеби да речам можеби
со прстите ги исцртува планините
и пие воздух од загубени пештери
раскажува приказни и ги затвора в кафези
си поигрувам со песните расфрлени во
ливадите по неговите џебови
му заспивам на колено,
но никогаш не ги дознава моиве испади
паѓам на скалите кон неговите простори
клучот го крие под моите патики,
а јас патувам со потковани катанци
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“