За семафорот кој ја дели нашата раскрсница
5:52 AM

да си ги скинам конциве на пижамиве
а не дека не можам
да исплетам нови патишта до тебе, додека се‘ уште прстиве ме служат?
да изградам нови ѕвезди под шаториве
а не дека не смеам
потегнувам бубалки-непослушници, врзувам обетки на уво за уроклив сон против несоница
да раскрстам со раскрсници на семафори
(ја свират, ја знаеш... онаа, за малите жолти пајаци)
а не дека не си дозволувам
се згазувам сама на пешачки премини, хранам бездомници и зебри во мали кафези





кога ќе ти подадат топка
не се извинувај - фрли во дворот, ќе израсне нова млада месечина

кога ќе те фрлат на буниште
не заминувај - ќе ја сечеме месечината како домашна пита од јаболка

патиките ми го запрашуваа патот
не дека светот има прашина, колку што јас чувам мисли
на необични места
како џебови, ремени, дупчиња на копчиња... тегли за ајвар
и шопинг листи

(купувам срам, страв и его на грам, имаат попуст за
такви како нас без мака, мапа и самоснаодлив патоказ)

бегам, или доаѓам
а зар јас да знам?
одам, а заминувам
исто е тоа.

семафори сред селска ливада
мислев, јас сум луда (ги пребројувам апчињата, имам уште две портокалови,

една зелена и сина)

секогаш патувам во обратна насока
никогаш не стигнувам, барeм само дом од досада да имам
сакам само да се кријам,               ден по ден на погрешни места се будам и повторно замижувам, шшшшш... ме будиш додека спијам


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“