ми истетовираа пенис на срцето
12:23 AM
отидов кај гатачка
рече не гледа на кожа
, а јас
смешна
се наежив
цела
дојди, да ти кажам нешто:
светов не‘ остави како новодојденче пред туѓа врата
светов збудалел, ние сме тие, светов не не‘ сака
има премногу од нас,
а премалку од нас со нив
светов доживува пмс,
се забавува на вртелешките во Хормонвил
затвори ги ќепенците
ќе ги соблечам ролетните јас
кријам залихи на пуканки, цедевита, стари филмови
до креветот за еден,
а само за нас
ќе се закопаме под навики
и, не ќе ни чуе рамнодушниот
се шетав така сецелно по Булеварот на уметнците
замолував боеми да ми ја проценат сликата над задникот,
сите ми ја бараа кожата со зборови
параа со очи
„но каква е таа капка на вашиот пенис, девојче?“
„ах, ништо, срцето ми плаче. возбудено е.“
што да ти кажам:
ти умре.
јас ти бев лута.
сега не се лутам никому
што ако и тој си замине.
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“