целиот мој живот можам да си го затворам во еден плик, да го соберам во твоето згужвано поштенско сандаче
11:49 AM

сите писма кои сакам да ти ги пратам ми се лепат за непцата
проголтав толку маркици од 50 ден. што сега се носам со
празен новчаник
само за да не западнам во искушение

јас немам што да пишувам
јас навистина немам што да кажам
затоа измислувам
и кога измислувам се разбира, лажам
а тоа како секоја лага
неповикано гради светови

за никој, ниту пак јас се препознае во нив


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“