Мрдни си го газот од фотељата
12:21 AM

Мрдни си го газот од фотељата

не сум скриена во ќошот

и не сум ноќното чудовиште под постелата

поминаа и сините возови влечејќи тегет локомотиви

сонцето ти сјае од непцето меѓу забите

бледи полумесечени под твоите подноктици

Мрдни си го газот од фотељата

нов бран надоаѓа и пее на француски

не ќе се разбереме повторно

нашиот е јазик на прашалници

косата ти е вртоглавица и твојот организам е неодлучен

не сум ти спакувана во подарок за роденден

Мрдни си го газот од фотељата

мојата детска смисла за живот се криеше во скривници - расцветан квадрат со правоаголници за латици

не знам што да правам, каде да се ставам

со каде сум, со кого сум

чуму сум и зошто сум

вчера се раздени во денес

се оставив на тротоарите низ градот

пиевме витамин Ц на кило

и повторно си го бркав слонот (ми избега од кафезот)

Мрдни си го газот од фотељата

ти се засадив во домашната саксија

земјата, добро наѓубри ја

се‘ уште не ти виреам в соба,

што се случува?

Мрдни си го газот од фотељата

ме обвинија за практикување синестезија...

Мрдни си го газот од фотељата

...ти треперам пред редовната ТВ програма...

Мрдни си го газот од фотељата

...со лист во раката од последната трауматска терапија

Мрдни си го газот од фотељата

отвори ми ја вратата

заминувам.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“