Ајде, само.. ќе си подишеме
11:56 AM

нормално

се мислев.

можеби си тивок.

во други околини. со други луѓе. во невонредни состојби.


нормално

се мислев.

не палиш цигара за цигара

испуштајќи димни сигнали како

локомотиви на возов кој со татнеж

минува низ крвотоков.


нормално. нели.

во други бои.

без запирања на здивот

три пати во секунда.


нормално, јас сум механизам

за приказни и

со драматични гестови за

запчаници.


во друга облека.

не, оваа

чии штепови се визни граници,

со копчиња - стражарници.


нормално,

ние никогаш не сме „нормално“ заедно.

ненормално Е.

само се гледаме без да се погледнеме.


трудно, некогаш.

издишувам.

ако шпанските мушички

во главата ни играат аргентинско танго,

а очите ни се шајки за подот:

дај, тогаш,

само да си подишеме,

заедно,

м?


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“