sur le fil... и само воздухот ме одржува
12:22 AM

на ова
некое чудно
траење
над жицата која се кине толку тенко
како композиција погрешни ноти
со „чевли искривени од сни“
навлечени како прав од сушени печурки
погледот ги треби мравките од луѓето
зар на оваа висина можат да се препознаат...
црвени капи и сини панталони
црни коси и почудени изрази
раце во џебови се плеткаат со изгужвани спомени
со еден чадор
и можеме да полетаме
надолу
толку лесно
ете, само уште еден пердув во воздухот
P.S.
онака
... sur le fil
... и главечки,
ма си знаеш ти.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“