Твоето куче во жолта маица и со запепелена цигара во една шепа
1:44 PM

златен појас околу мојата половина
кој безуспешно ми ја штити невиноста
долговлакнесто чергиче кое го постелувам
од бул.Асном до Партизанска
мајмунски мозок
со мудра кучешка муцка
две мокри очи - џамлии
кои се тркалаат кон зафрлени аголи
мермерна насмевка
од која гривата на Сфингата е градена
заканувачки опаш
како метрономска супстанца на воздухот
чии краеви оставаат книгообележувачи
меѓу дополу прочитани страници
неговото читање на Ана Каренина
е како флертување со идејата
да скокнам под Транссибирскиот воз
каде е веќе премногу топло за номадски дом
индиго јазик - храна за печати
со кои ги закопувам писмата пред испраќање
неговото движење предизвикува морска болест
а јас седам меѓу два ѕида,
на четири страни,
со стапала кои се гушкаат
со осамената прашина
од станот кој ми остана
а јас се потпирам со подот
со кој се потпираме меѓусебно
се изневеруваме на договорено
толку верно е нашето познавање
како опипани потамина низ сон
каде си ја поучувам љубовта на бонтон
тој хорор, хорор од исчекување
во времиња на разминување


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“