Песна од љубениот до заљубената
2:35 PM

На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите трепки ко на тригрба камила
се одморија врз две калливи џамлии
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твојата коса брановидна ко на Џим Морисон
се сплете меѓу свежоумрени тревки
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите прстиња посакувани ко вкусни ќебапчиња
заиграа врз невидливи остатоци од ноти
На клупата на плоштадот во градот крај морето
твоите глутиналии сеопфатни ко херојски потфати на Александар Македонски
селективно се сокрија од погледи



Лето 2043-то, клупата е само спомен за симпатична замисла
плоштадот замира, но на погрешна мапа од свиткана страница
градот доживеа средовечна климактериум драма
морето се истури од чашата на една потпијанета ем невнимателна дама


Море, ти, недоживеано сеќавање
безобзирен станар со културни навики,
преполн автобус во кој се ловат самовили,
презафатен вратар на детска градинка
кој не пушта деца и вештерки да си играат криенка

не требаше да те оставам да посонуваш под сенките
на заоѓање секогаш се пакуваат

земаат некогаш и тоа што сме го оставиле
и она што никогаш не го ни поседуваат.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“