Прирачник за засакување на Скопје: вежба 2
9:01 AM
Да бев црвен балон со синкава внатрешност
која пулсира среде вакуум
ќе ја барав иглата на крајот од жолтиот конец
што ја зараснува раната на твојата сива кошула
нанесена од сив ноќен стаорец
Да бев мермерна балерина во музичка кутија
вртена од ноти на демек позната камерна музика
ќе изберев да се скршам на крцкавиот под
кој издишува уморно во твојата ладна соба
која се излежува под дабовата сенка
на голем јавор вечно збунет за својата состојба на постоење
Да бев парче чоколадна торта од сирење
ќе се намачкав на масата со мирис на јагодови флеки
родени во моментите на мачната смрт на лимонот
кој дарувал растителна крв за твојата чаша
налепена со соленикави погледи однатре,
тивки бакнежи однадвор
што ги носи како казна и потсетување
зошто треба со овој вулгарен град шеќернолимонова љубов да водиме.
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“