скршени школки како скршени заби посејуваат насмевка по плажата
1:30 PM

Со двете раце си го држиш лицето да не ти истече во чинијата,
да не го извалка подот... потаму цедат песок во кофи, потрошени замоци, потрошени песни
Го браниш од светот, а отвори го велам
дождот сака само да ти погледне в очи
да се прошета по зелените островчиња
љубоморно чувани од граблива почит


Под чадор под дожд тргнуваме да полниме солена вода
ко да се плашиме солта да нè ни ја замати
го затвораме морето во шишиња пластични


Ракчиња посејуваат членчиња по песокта
која сушејќи се личи на стрии на кожа од бабичка
Кутрите, ти ги читам мислите,
како сега ќе одат рака за рака на прошетка?


Назачки враќајќи се по скалите
каде под палмови сенки
се пече воздухот
и како тесто нараснувајќи
навлегува по собите


За вечера насмевка од грашок,
очи - грчки маслинки
носот - ти го зедов
за да не го креваш
како штит против исончани девојки.


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“