4:40 наутро во од канделабри опседната ноќ и желба за креативно самоубиство
5:35 PM
зеленчукот страдалнички доброволно
си ги истура семковидните органи
во мојата чинија
светилките на паркингот како здела полна
четвороножни црвени, бели, црни и матни бубачки
се души на умрени
со вратови сведнати
трпеливо чекајќи го доделувањето на својот гроб
имаме болен лифт во зградата
‘рбетот на нашето заедничко живеење
целото бетонско тело се грчи, потресува
додека низ него минува метална татнежна кашлица
додека ме посетуваа во пристојните вечерни часови
им измислував приказни
дека тоа еден загубен воз очајнички
вертикално плови
кон подземната железница на Стикс
антена
случајно засaдено дрво
на темето од зградата
,а таа незнајната
дека е повеќеочен киклоп
што се набљудува самата
Tweet
Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“