Реквием на сино
1:38 AM

запретав сила во својата слабост
стојам пред тебе, клекната
ѓонот од сандалките нежно
молчи под моите две полутопки - јаболчиња
црвена сум одвнатре и под клепкиве
образите ми горат сино
твојата буква се слизнува по нив
син фустан (го украдов од креденецот
на туѓи спомени, и таму некоја
семејна историја заклучена во нив)
шушкам со допири
црвена светилка во собата,
и твоите зеници ја носат ноќта
во аголот на твоите светнати чевли
курви даруваат љубов во
декасилабични стихови

Шекспир би убил за ваков сетинг
ѓонови кои изодеа калдрми
на свадби и погреби
се кријат под мојот син фустан
син како твоето име
си се склопчил пред мене во
црн столб, светилник за
загубени бродови
рацете в џеб
ти грчат стравови


оваа е таа, неговата... :)


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“