Небеска раскрсница (промоција)
1:36 AM

Ве покануваме на промоцијата на најновата хаику/хаига збирка на Искра Донева,  „Небеска раскрсница/Crossroad in the sky“, на 1 јуни 2009, понеделник, 20 часот, кино „Фросина“ (МКЦ).

Хаигата е специфичен жанр – микс од фотографија и хаику – што првпат се објавува во Македонија.

Книгата во издание на издавачката куќа „МАГОР“ ќе ја промовираат Доц. д-р Владимир Мартиновски и Д-р Александар Прокопиев. Програмата ќе ја води Силвана Јованова, стиховите ќе ги читаат Елена Пренџова и Марјан Минов, а ќе настапат и Драган и Ратко Даутовски со куса изведба на окарина.

Промоцијата има хуманитарен карактер за да се помогне заминувањето на Искра на трансплантација на матични клетки во Русија. За таа цел, освен книгата, на продажба ќе бидат понудени и уметнички дела донирани од група еминентни млади уметници, а кои ќе бидат изложени во горното фоаје за време на промоцијата.

Поканата е отворена за сите љубители на уметноста и хумани луѓе, па слободно известете ги сите што одговараат на овој опис.

Се гледаме!

првично пренесено од Куќоберникот


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“