нашата љубов е виножитна со боја на оган меѓу крилја на пеперутка
10:14 AM
0 comments

проѕирни ти се зениците
како низ тебе да се цедело небото 

и трепери нешто во воздухот 
како туѓо да ни е во телото

нашата љубов е себедоволна
како Нарцис вљубувајќи се во водата

да се патува со отворен куфер
оти бремето е на ветрот

да се оди главечки по жица
оти со лесен мозок полесен е летот

го гледам животот како старее
изгорен од секое зборче
како чкорче што ни тлее во усните

да побрзаме
со секое ново кршење на денот
се` постаклени стануваме


Tweet

Шеќернолимонова
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“