на трепката на твојот образ како што заљубено паѓа по твоето лице
солза на правта е, а ние се гледаме, со погледи мешајќи вотка со шприцер
ги собрав книгите со кои ми се имаш подарено
ги полив со чоколаден прелив и шлаг
еве веќе саат и нешто џвакам и голтам,
а желудникот ни страница ми нема сварено
ама за помош земав и ацетон и лут кечап ама благ
нештата се исти, но не како порано
малку поинаку, малку полево изместено од центарот,
а малку да прошетаме на воздух,
а малку замислување како да ни е прв пат?
ти носам чинија со дезен на изгубен семир,
продаден јаглен и дотур на вар
за нова година се греам со кашлицата
која одамна не ми поаѓа од грлово, туку длабоко од стомак
некогаш мирисаше на изгорени воздишки
воздухот рони трошки од ветени колачи
јас се создавам од просторот меѓу твоите прсти
и се кријам во ноќта кога кучиња скитници се караат
како беззаби осамени баби, баби роги кои носат сонлив мрак
барам приказни, поучни, како се оставаат причини
пред куќен праг
во една мала соба покрај два мобилни
експлодира бомба и нечија рака изчезнува без траг
заљубена во трепката на твојот образ
стопени снегулки те купуваат за скршен мраз
ако ова не раѓа смисла, а нашево е изгубено
подај ми рака, се наоѓаме за век-века три-века два
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
се сместувам во фб група само за мене: за онаа која пропаѓа во шарите на неговиот џемпер
ја ловам твојата сенка меѓу меурчињата на кафето, тоа кипе, се прелива утрото врз шпоретот
стапалата ми се гушкаат под твојот џемпер со шари-провалии, ми паѓаат и зборовите преку нивните рабови
за да не ме чујат ги шепотам моите оргазми, како научени стихотворби за државен празник
по трите мртви папагали ја научив празнината да зборува, ја чувам во кафез и хранам со чоколадни банани од Европа
по тебе и него, по оној, и оној другиот од 3-то, ми остана само на оваа соба да и‘ посветувам песни во згуснатиот воздух со длето
патеписни, интимни, смешни,
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
тктртктрткткрткртк
- Ете Архангел Михаил пак типка по машината за чукање.
- Ц.
- Хм?
- Не е он. Св.Петар.
- Не, не. Духот на оној од соба 23.
- ?
- ?
- Да, бе. Лежеше тука го пуштија дома и за недела испушти душа. Сега се шета по ходнициве. Ја бара главната мед. сестра.
- Ааа, онаа со... - и во воздухот задржува две полни дланки.
- Да, да.
- Ја испуштил душата од неа или од болеста?
- Леле, немој вакви работи. Јас спијам во тој кревет. - младата мајка го црта портретот на своето дете со здивот од устата.
ткткртктк
- Синди го пишува романот, бе.
- Хехехе, не. Дневникот.
- Нас не‘ пишува?
- Ќе биде бестселер.
- Дај да го читнеме. Не можам да заспијам 3 дена по ред.
- Да ти го пуштам ЦД-то од Елвис...
Целата естетика на боење на различни правоагални делови од ѕидовите во сите нијанси на жолтата и портокаловата. Не, толку е реченицата. Тоа ми е темата на размислување.
Пелагија Фјодоровна. Драга. Драга Пелагија Фјодоровна.
Па, Фјодоровна дали ме четете?!
Ах, извинение. Но, разберете, звукот не престанува. тктртктрткткрткртк тктртктрткткрткртк
Па се двоуми над некој збор.. тк..трр.ткк.
Ми заковува игли во черепот.
Го почнувам писмото одново..............
кхм, драга Пелагија Фјодоровна,
Надвор е прекрасен синкаво-син ден. Кој еве го трошам на размислување за и околу, а и во вц-шолјите.
Знаете дека Сергеј Прокопиев го украде кујнскиот нож, зарем не? Да, да, оној со сцената на силувањето на Леда изрезбана на дрвената дршка. Неговото објаснување откако ме извести дека го продал на Пазарот за спомени и гребки кои можеби но најверојатно нема да ви донесат среќа но ќе ви го променат животот, е дека се обидува да развие необична фасцинација кон лебедите. Јас се сомневам дека тоа единствено ќе вроди со фасцинација кон девојките кои бидуваат силувани од лебеди... Ги добива најлудите идеи.
Најценета Пелагија, ве молам најсериозно да се зафатите околу следново. Имено, Сергеј како што најде за знак на добро кавалерство и домашно воспитување да ме извести, ги употребува моите слики од Дали за виткање тутун! Неговата намера е да докаже дека чадот кој излегува од така припремените и потоа запалени и испушени цигари ќе формира илустрации на чист надреализам со тоа заменувајќи ја в целост потребата да ги троши своите метални повеќеденарки на шарени апчиња и сушени печурки. Сонував како ми ги врзува рацете во плетенки околу својот скут. Мама ја имаше онаа смешна ноќница во која секогаш ме потсетува на Офелија и букет меланхолични полски цвеќиња...
...
Сега Пелагија, четете внимателно: одете до Пазарот за спомени и гребки кои можеби но најверојатно нема да ви донесат среќа но ќе ви го променат животот и откупете го кујнскиот нож со изрезбаното силување на Леда на дрвената дршка и одвоeте ги рацете на Сергеј од Салвадор! Веднаш!
П.С. Толку се вознемирив на последното пишување што вената на која ми беше прикачена инфузијата се свитка во чвор. Мораа да ја повикаат мед.сестра да ме убеди дека сите розови пеперутки го напуштиле воздухот во собата. Сепак гледам една која се крие во теглата со виолетовки која ми ја донесе Грободкин. Ќе морам да ја фатам меѓу кориците на „Анатомија на реалноста“. Простувајте, Пелагија. Следен пат ви ги пишувам сите подробности околу естетиката на престојот во Жолтата болница. Поздравете ми го Сергеј и погрижете се рипките на Ностоједов да се добро најадени. Наближуваат Свинските вечери, треба да се колат тие мали животинчиња.
Пеперутково-разбркано ваша,
Надењка Ш.Зузакова
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Ги распостелуваат домашните чаршафи по хоризонтот на градот
По 11 години, 12 години брак
таа ги наоѓа рецептите на неговата баба во својата коса
Болеше кога ја исцртуваше големата модрица на коленото,
тркалото на велоспипедот - часовник кој го мери просторот меѓу нив.
По 3 згрешени адреси, 6 сменети телефонски броеви
тој се спрепнува од нејзините сеќавања меѓу врвците за патики
Смешно беше кога и‘ пишуваше за плановите да гради колипки
во срцето на градот кое чукаше во ритамот на гулабите испуштени од раце.
Песокот се заглавува меѓу заби и ‘рѓосува челици.
Се кршат гранки за Бадник, мириса на измиени тегли
и срамежливки.
Ќе те погледнам, ќе ја потонам устата во шалот
како несреќен морнар во немирно море.
Се насмевнувам, не гледаш, а се смееш
Мислиш. знаеш се‘
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Секогаш замижувам
гледајќите зад очните капаци
како ме држиш за рака
покажувајќи ми ги сите места
на кои те фатиле мочајќи.
Духот на реката
покрај која седевме
гмечејќи костени
ме посетува во ноќта
и заедно заспиваме
читајќи хорор приказни.
Светот сега го гледам
во 32 карактери
како титлови за странски филмови.
Слушам, гледам, се насмевнувам,
понекогаш прегрнувам,
или попуштам, па и љубам.
Се сеќавам, пишувам, пишувам,
пропуштам такси на автобуска станица,
пазарам минути, губам.
П.С. Ајде да си бидеме желба еден на друг
Допирам, мирисам, црвенеам,
трчам по црвени балони,
отворам чадори, и. неволно. се будам.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Имаат сладок здив,
како да биле крштевани во мед.
И кисел јазик,
како капки лимон врз сол.
Носат тежок товар,
10 букви и гнев.
Не им олеснувам,
не ни морам.
во продавницата за чкорчиња
направени од сечени нокти
на вампири прекинати во својот апетит,
продавачот носи картичка со твоето име
на левата страна од срцето.
Му продавам погледи,
и го прашувам дали бил дома во 22:04.
Се крие зад тезгата, фрла со картички и налепници.
во автобусот чија последна станица
е местото каде се бесат
неотворените подароци за преродената година,
возачот се одзива на „шефе!“
или кога некој познаник ќе го извика твоето име.
Му врзувам ѕвончиња на воланот,
и му носам свежо засадени саксии со домати.
Бега на велосипедот, зад себе напуштајќи прашини.
во чекалната за жалби и неостварени соништа
каде децата седат парализирани од љубопитство
во скутот на мама и тато, баба и дедо...
детето со снежни топки во рацете го слуша твоето име
како се прелива во ушното полжавче - ветување.
Му варам топло чоколадо,
и го пречекувам дома по изодениот пат.
Ме нарекува Баба Рога и се обидува да ме стегне за врат.
I.
Денес астрономот кој го носи твоето име
на врвот од својот телескоп
откри комета-девица.
Јас барам име за моите телескопи
кои ќе ми ги крстат светлините во очите
во времето и просторот на нашите средби.
II.
Денес поет кој го испишува твоето име
по неговите 99 години
се појави со книга во рака.
Јас откривам исти наслови
за сите мои песни и тектонски потреси,
по патот што ти го бележиш со сопки и џамлии.
III.
Денес започнува вечноста,
јас исцртав план однапред за неа.
Се обложив со тие исти скинати копчиња
што ми ги остави,
дека додека го испишам твоето име
на 888 различни начини,
ти ќе ми се вратиш... по уште 999 патеки.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Шуштењето на ТВ кутијата како домашно огниште покрај кое се собираме ние двајца - фамилија од една стара бабовидна опсесија за местење на секоја падната книга според боја и нијанса, луд фетиш за лепење поштенски марки од левата страна на креветот, џемперовидно развлечена обврска која наскоро ќе биде избркана заради неплаќање данок на истрајност - ни го доближува времето на создавањето на светот. Чујното дишење на незнајната вселена каква што ја знаеме.
Се‘ уште со убедување дека ова е песна, ти пишувам на хартивчиња стуткани - преплатени сметки и чкртнати артикли на пазарни листи - седиме секој втор ден ил трет ден на терасата соочена со неменливиот поглед кон север, автобуси како огромни стоногалки со чевличиња украсени светулки брмчат под небо врз кое некој надреалистичен сликар или расположен поет-дадаист истурил чаша црвено вино, стискаме пауза на нашето постоење и загледани во мислите кои како мрзливи мачори се вртат околу фактите дека утре треба да се стане пред 8 и треба да се нахрани папагалот и треба да се провери сметката и треба да се предаде извештајот и треба да се доврши тој превод и треба да се одвезе стариот до Заводот и... замижуваме пред едно секојдневно чудо: жолтиот цвет на мама кој против сите претпоставки на причинско-последичната логика ги издржа нападите на тие врапци-гнездоберачи.. конечно процвета.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Раката ми ја мимикрира синевината на кошулата
и воздухот е син
Сред лето е зима
Зима во соба со жолто-портокалови-кафени ѕидови
Капка по капка дожд се слева во крвта
Сакам банана
и сакам вц-шолја.
Желбите се едноставни кога имаш само жолтило во очите.
И косата.
Коските, верувам, се‘ уште ми се бели.
Замижувам како што често правев пред твоите очи.
Сакав да ги затворам капаците на поразите
и сакав да ги зачувам измолкнатите насмевки.
Желбите се едноставни кога се присетувам на сите воздишки.
И ах, ох, мхм,
меѓу сите неугодности при инспирација и експирација,
јас сум ладна, знаеш.
Јас сум само синевина.
Во твојата соба.
Во оваа туѓа соба, сепак,
каде што многу луѓе со жолтевина поминале.
Каде многу се измиле со синиот воздух на чекањето
ја гледам тенката цевка од мојата рака како продолжеток
од некогашните плетенки.
А плетенките беа продожетоци на мозочните ми виуги.
Па, никогаш не реков дека немам краток ум, нели?
Ми донесе виолетовки. Ги стави во тегла за ајвар.
Се насмеав. Твојата поезија е Вавилонската кула
под која сите личности, телокосопственици
се раскаруваат на сите светски јазици.
Не мора да ме убедуваш. Да, се обидуваат да напишат
само еден збор. Верувам дека почнува со боја...
и мојата најдобра претпоставка е.. дека почнува на В.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Сонував за Втората светска војна
Често сонувам за Втората светска војна
Ти си секогаш германски генерал
со лузна која започнува од твоето лево око
и завршува во мало водоскоче над твојата усна.
Ти седам во скут, а ти ми ги броиш плетенките.
Часовникот отчукува температура на вдишување
и издишување и во секој мој сон стои покрај
сликата за која ти упорно тврдиш дека е
уметничко дело, но мене ме потсетува на
невнимателно изведен пин-ап.
Тажна е судбината на часовник која мора да
постои само во сон за Втората светска војна,
во соба со зеленикави тапети и кафен мебел.
Ти седам во скут и седиме покрај клавирот.
А јас не сум најсигурна дали си тоа ти, или јас,
или татко ми.
Некогаш се будам сред сонот и те откривам
со грб исцртан мапи на градови за кои
почнувам да се сомневам дека воопшто постојат.
Не секогаш би ти верувала. Се продавам за сјајот
во твоите очи додека лажеш.
Сфатив дека или премногу гледам филмови со
неприродни сцени на пукање со пиштоли или ова
е доказ дека го немам талентот да погодам мета
со куршум.
Станувам од креветот сеќавајќи какво ќе биде
чувството на 60 години и заминувам за бањата.
Тато ја отвора вратата и фрла запален весник во кадата.
Тогаш ми текнува дека животот е пречуден за смртта
и јас никогаш нема да се научам без фасцинација да гледам
во пепелта која догорува. Се преродувам во дете кое сака
да си игра со јаглен по белите плочки околу вц шолјата.
А баш денес ми се јави да ми кажеш како флертот со
девојки не ти оди кога ми пишуваш смс пораки.
Дали да ти нагазам по телефонскиот број како
во добро разоден чевел или да те оставам
вистински да размислиш?
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Со прстот поминувам по твоите прсти и велам:
„Ова е мое,
и ова,
и ова...“
Подобро отколку како кученце да ја означувам својата територија во аглите на твоите заноктици
прифати дека надреалистични ситуации се потребни
за да не‘ свестат од магичниот реализам на готиката која ни се случува
Егзорцирам вц-демони од твојата вц-шолја со света дезинфекциска вода
Се враќам во зградата каде црната мачка го посади своето семе и оставам ронки крај дрвото за да ги колве
Архитектура, огледало, чевел
Ти си мојата Ивица и Марица, а јас вештерката која ќе те зготви тебе
Ја одгледувам герила армијата на жолти мравки и се обидувам да смислам начин
да ги заврзам прстиве околу твојот врат
да ги носиш како ѓердан,
а јас да ги искористам твоите заби како зачин
Датите на месецов висат од календарот на конци
чувам миленичиња, исклучиво овци и волци
Се јадам за доручек, за ручек држам диета
за вечера ја варам мојата приватна руска библиотека
Се јавувам по телефон само кога си ѕвонам на мобилен
проблемот е - ни тогаш не си достапен.
Доживувам напади на присвојување територии
и велам:
„Она е мое,
и тоа е мое,
а исто така си и ти.“
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Мијам заби
Натнувам чорапи
Заврзувам фустан околу половина
потоа, земам моторна пила
и се‘ сечам на средина
Некои мисли се осудени да останат сами
како: that is why you are the lonesomeness of me.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
кога спијам на тебе, спијам со тебе
ти ми сонуваш меѓу ушиве, мојот мозок е вечен кревет
(алтернативен наслов)
сеќавам во стомакот
дека целиот свет е сега
безбедно в кревет
спие, и сонува
како повторно
и пак
легнувам крај тебе
и сеќавам дека...
еден на еден.
под каучот криеме изминати огласници за пронаоѓање на преживеаните Дон Кихот и Санчо Панса
- и се надеваме дека можеби ќе ги најдеме одразите во огледало -
но, тука сме - спроти ветерницата -
и со жито од непознато потекло мобилизирано во коските
се‘ се плашам да не сме само помошниците - знаеш,
едниот коњот, другиот магарето
под тежината на човечкиот сон во јаве
- а од нас ќе останат само самарите.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Надењка Шеќернолимонова Зузакова ја има честа да ве покани на свеж скопски воздух, ѕвездено небо и бесплатни книги од 22:00 - 23:50 на кеј, кај кафе-ресторан Дион.
А во 5 до 12 на уште една доза бесплатни книги, дружење и поезија во Мала станица.
П.С. И не, нема да да биде замаскирана во шаторско платно.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Да му кажам дека го сакам како старецот-лист
кој со бастунчето под рака скока од гранката на ронливото есенско дрво
право во прегратките на топлата натопена земја?
Му посветувам песни на неговото тело кое ја содржи сета радост на оваа планета,
на неговите раце кои прегрнуваат светови каде жирафите се весели надгробни споменици...
ќе направи се‘ и по мојата смрт да ме насмее, развесели.
Само нему можам да му се развикам,
осудам за сите грешки и неправди во мојот живот
направени од мене и нанесени од други...
сепак никогаш не се осудува да ми суди.
Има уво кое ги собира најтивките воздишки во маси од луѓе завиени од громогласни звукови.
Бере прашања и одговорности, ги собира во чашка и ги пие на екс покрај коледарски огнови.
Го сакам со постојаната променливост на месечина,
кога сум и мачка и вештерка и најгорка причина -
да се стане рано за да се одвезат моите нервози до работа.
Низ прашина и дождови од скакулци, кога небото ја истура својата правда врз нашите глави;
и прст не се гледа пред око, небаре сме лилјаци
и тогаш добивам отворена врата за споделување на души - бакнеж, или два, на образ, рака, уста, невин, детски, платонски, другарски со ветување за надежи, страсен, силен, сеопфатен, со мудрост на квалификуван мислител доделен, под брановидни облаци и во смуртени влечки, со мојата мрсна коса од спиење и денгубење денски, зависен од концентрични мисли чиј центар сме ние, како јаболче кога се загризува и сок од боровинки кој се пие, подарен без очекување за возврат со камата, а и кога тој ќе биде грбав старец, а јас една разглаголена маленка сенилна баба...
на М. и Д.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Ти си топла,
твојата топлина ги содржи осамените брегови на тивките океани
Ти си податлива,
твоето тело тамам просторот за моите стапала завиени в насмевка крај камин
Ти си мајка,
утробата на моите јалови освојувања...
Ти си јас,
кога го прегрнуваш, а тој не знае како да те прими ни сочува.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Ги лепам твоите разгледници по ѕидовите на собата
Сегде сум
Сегде ме има
Во Париз
Во Ница
Виена
Бон
Њу Делхи
Њујорк
под мостот
на врвот
во дното
А јас останувам упорно една точка во твојот универзум
A ти си оска на вртење
А јас останувам упорно една молекула од твојот кислород
А ти си ноќно цвеќе
А јас останувам упорно една идеја на твојата сенилност
А ти си план за иднина
А јас останувам упорно една отстапка на твојата револуција
А ти си мојата Крушевска Република
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Имам три палта - едно за пред луѓе,
друго за со себе,
трето за меѓу патишта.
ми вели мојата љубов не му е доволна
некогаш ми вели треба да се пропуштам
понекогаш вели треба да кажам да
понекогаш треба да научам не
понекогаш можеби да речам можеби
со прстите ги исцртува планините
и пие воздух од загубени пештери
раскажува приказни и ги затвора в кафези
си поигрувам со песните расфрлени во
ливадите по неговите џебови
му заспивам на колено,
но никогаш не ги дознава моиве испади
паѓам на скалите кон неговите простори
клучот го крие под моите патики,
а јас патувам со потковани катанци
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Каде реките се улици,
ливадите - фабрики од чад.
Небото - плодникот на мојата мајка.
Памучни сперматозоиди пливаат кон неа,
чекаат да ја оплодат.
Јас не чекам. Доаѓам. Се раѓам.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Кога тишината зборува погласно од нашите дишења
Ги јадеме боите на денот со дрвена лажица
Лажеме глуварчиња дека е преценета телесноста
Таа неподнослива тежина на леснотијата...
гавраните постелуваат крилја на небото
мојот поглед се крие во твоето око
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Бу
Авантазија
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
кога ќе ти подадат топка
не се извинувај - фрли во дворот, ќе израсне нова млада месечина
кога ќе те фрлат на буниште
не заминувај - ќе ја сечеме месечината како домашна пита од јаболка
патиките ми го запрашуваа патот
не дека светот има прашина, колку што јас чувам мисли
на необични места
како џебови, ремени, дупчиња на копчиња... тегли за ајвар
и шопинг листи
(купувам срам, страв и его на грам, имаат попуст за
такви како нас без мака, мапа и самоснаодлив патоказ)
бегам, или доаѓам
а зар јас да знам?
одам, а заминувам
исто е тоа.
семафори сред селска ливада
мислев, јас сум луда (ги пребројувам апчињата, имам уште две портокалови,
една зелена и сина)
секогаш патувам во обратна насока
никогаш не стигнувам, барeм само дом од досада да имам
сакам само да се кријам, ден по ден на погрешни места се будам и повторно замижувам, шшшшш... ме будиш додека спијам
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
јас... бројам брчки на ножни прсти
и... го исцртувам твоето име по десната половина од телото
а... пишувам „затоа што невозможното е единствено можно“ на
левата рака со пенкало
можеби... треба да го напишам тој роман
да... за магичната фонтана и сите нејзини мисли
некогаш... јас претекувам од една состојба во друга
растам... стареам... повторно се раѓам, а измеѓу сонувам...
дека сум птица... а упорно се слизнувам на скали и паѓам.
Се просветлувам во бари со мочуришни комарци, крај импровизирани
стаклени градини
Сред Вардар е израснат остров, калемат капини и јаготки.
Собирам рецепти и гледам документарци за твои омилени режисери.
Внимателно одбирам песни, кои звучат шушкаво и немоќно за радио бранови.
Давам можности, потопувам шанси, учам уметност на правење речници.
Си го поплочувам патот до тебе со стихови.
Но, моето тело е азбука; ти, момчето од улицата со обоени ѕидови; а јас пишувам со допири.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
додека го слушам Гинзберг како зборува кадиш за својата мајка
(како егзотична храна, непознат јазик на избледена страна)
гласот му трепери
и сфаќам, тој е само обичен човек со немири
под моливот,
хартијата трпи
сонува за безплодни денови
небото беше заробено во сценски ефекти
ѕвездите обоени розово
масите празни прекриени со црвен тепих
питачите населени во аголот на нашите трепки
гушкаат снешковци
иницијација во некој потопол свет
Розенкранц и Гилдернстерн
се губиме помалку со секој изминат век
цедам причини за дишење
по подот
крај алеите засадени јасноглетки
посетувам зоолошка
парк
се‘ уште не те затвориле
се‘ уште на слобода
... ми јадеш од утробава
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
стареам, се враќам назад во времето
ти си шаманот на моите стрелки што мерат часови
повторно слушав радио
како на 12 години
тогаш, со главата во дијафрагмата на татко ми
ми недостигаат твоите перници
(иако никогаш не успеав да заспијам на нив)
ги мирисам износените парфеми
никој не е ракијата на твојата колонска
сега, носот го опивам на алтернативи
ќе се изгубам ли во сенките?
меѓу чекорите од мојата до твојата зграда
па ти живееш на Марс
ќе те најдам ли?
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Што правеше вчера во градината?
на полноќ
во затвор
од мисли-девојки на твоите невролошко-оправдани хареми?
Собираше гранки за гнездата
што никогаш не ќе ги посетиш
во стапки на други ќе заодиш
ќе речеш, Таа беше причината
Ех, би сакала да ти ги врзев неврзаните
ти твои кончиња
на краевите им тропкаат лончиња
празни, а домаќински исчекуваат
ќе го најдеш ти својот дом?
Сега гледам човек во месечината
со грмушка и куќен куче-пустиник крај слабината
Затворам очи секоја ноќ
полна ли е
празна
да бидам оптимист
да речам некогаш ќе те бакнам?
да бидам филозоф
да ти подарам цвеќе?
да, но само се чувствувам како
предвреме реализирано дете
Те сакам.
Полна месечина со лик на трагач по студени сечила.
Те сакам.
Занемев, а веќе влегла доброутринска светлина.
Те сакам,
и можам толку лесно без тебе
што чудо е
како уште те сеќавам
под плимата
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
изрони, и рони, рони, рони
побркај ги златните рипки во вода
како мачорот што сега се грее крај твоите нозе
вознемири го светот макар бил и еден аквариум
од цел тој океан човек што го викаме
ќе му зуи во ушите како чучулиги да му гугуткаат
ќе му се збуни рамнотежата во ушното полжавче
ќе му се помести тежата само заради тебе
не помислуваш?
затвораш очи и клепките ти се насмевнуваат
навечер кога лежиш со грбот кој ги сеќава сите
неподобности и удобности на подот
рацете ти се перници и главата ти се чини балон
од фантазии
?
да, сакаш
и по грешка си ги побркуваш искуствата со надежите
и си гугуткаш сама пред заспивање
„полжавот доцна доаѓа
но само по нерамни патишта“.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Таа шушка со својот фустан меѓу прстите
како очајник барајќи тоалетна хартија во пустинско вц
Тој е на крајот од салата стрпливо трпејќи трнови
како неотповикливи нагони за физиолошки потреби
Се пијаниме со пакетчиња бадеми
Нашите коси се од сонцето остарени
Вадиме тапи на вина и неостварени закони
Бираме меѓу домат и патлиџан, пронаоѓаме прашања на проблеми
Седам на ивица од некоја приказна...
А сама раскажувам... ете ти, песна која не е за тебе
а пак ти.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
како знаеш што навистина се случува кога си заминуваш?
дали воздухот мириса исто
налегнува со истата тежина на предметите во сега веќе
ретко осветлената соба?
како се дише,
како се станува,
како се буди,
кога нема сон за да се прости со светот кога заспива се‘
освен еден тап неумолив ритам од левата страна на креветот?
еднаш ти раскажував за човекот залепен во лицето на месечината,
еднаш ми го покажа стариот човек кој ни јава на грбот, чекајќи
попатна станица
пиеме бензин.
тоа е истата приказна.
е,
како знаеш дека останувањето не е тивко умирање
кога ти си заминуваш?
упорно...
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Ги крштевам стапалата во крвта на светот
сега дури и Вардар е убав под сонцето
Песокливи семиња се мрестат во меѓупрстјето
ќе раѓам удавени месечини наскоро
Налегнувам школки..
а, вака се оди по бисери?
Не го сочекувам небото
деновиве патува необично уморно
Едно вжештено тло под мене за прегратка
толку и‘ посакав летово на зимата.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
во дворот
на куќата
крај патот
зелени жални врби
ја поздравуваат
прашината на
неодминливиот случаен патник
носи кошници
цреши
носи кутии
неискористеност
нов е
неотворен
мириса на кожа
јас во собата
со крцкави
врати на ормани
ги острам сечилата месечеви
во кујната
зовриваат тенџериња
твоите очи бунари
никогаш не научив
безбедно да нурнам во нив
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
- it's a shame you're a boy
Го погребувам часовникот
со сите неотворени стихови.
Пијам исклучиво виртуелно
и ме удира точка сред
два клика на like.
Не одам под отворени чадори.
Решив да се шетам
со накиснат падобран.
Му згрешивме на некого.
Некои.
Други.
Нашите потреби се гладни
за дисфункционални мутанти.
Игри на инает и ненаоѓање.
Ни треба свршување.
Ова беше еден предолг
пат до оргазам.
Ни треба кавга.
Ни треба мочање.
Насмевки.
Прегратки.
Да имам пак кого да лажам.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
мојот милиброд во ноќта шета по креденци
........ лепливи траги од мармалад
како несмасно намачкани прсти со црвен лак .......
собирам купчиња
исечени насмевки
пецкави штипења на образи
зберувам парчиња
просеани сложувалки
исфрлени од употреба Дедо Мразови бради
ќе ми ги продадеш желбите?
моите кришки леб се суви, гладни за се’
зошто светов упорно крие тајни за тебе?
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
да си ги укорам рацеве што ти праќаат честитки за Велигден
да не ти ги кршам јајцата за Нова година
газовите им се влажни од боите на Пикасо
кој нормален седнува на книга за кубизам?
Барселона е ладна, зар не?
градов е граден на ветер-темелници
аквариумот - ништо посебно
видов пингвини и ајкула
ќе умрам среќна
ќе ме закопаат до Џим,
како вистинска Французинка
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
плачев листови од твојата книга
плачев раскази
секогаш знаеше како да ме заробиш меѓу корици
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
бројам меурчиња во желудник
тебе ти праќаат облаци по нарачка
имам место во главава кое е само за тебе
точно да брцнеш еден прст
и ништо повеќе
што ако сакам да ти седам на срце?
ми се слуша твојот воздух
гоблени од неба,
и светов остана без ѕвезди за симнување
е не ми се пишува,
не ми се чита,
не ми се седи,
патикиве ми се излитени,
сандаливе инаетливи,
ќе врне дожд,
ќе одам боса...
ќе ме чекаш ли?
ронев мисли штркови
во ѕидови од камен и случаен колаж
други се обидуваа да добијат орално задоволство
од малку хартија и инвентивност
јас, имам мали зборови
мали реченици
малку ритам
се губам кога те наоѓам
и го изгубив влезот
па излегов на погрешна страна
се фатив како вртам кругови,
а во центарот беше ти.
на шега ти кажувам „те сакам“
само на шега сакам и да те најдам
на шега мислам на тебе
и шегата е на моја сметка
кога сфаќам дека...
некогаш јазикот не е доволен
треба помалку
вистина ли, ветерот е син
и е само пеперутка?
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
запретав сила во својата слабост
стојам пред тебе, клекната
ѓонот од сандалките нежно
молчи под моите две полутопки - јаболчиња
црвена сум одвнатре и под клепкиве
образите ми горат сино
твојата буква се слизнува по нив
син фустан (го украдов од креденецот
на туѓи спомени, и таму некоја
семејна историја заклучена во нив)
шушкам со допири
црвена светилка во собата,
и твоите зеници ја носат ноќта
во аголот на твоите светнати чевли
курви даруваат љубов во
декасилабични стихови
Шекспир би убил за ваков сетинг
ѓонови кои изодеа калдрми
на свадби и погреби
се кријат под мојот син фустан
син како твоето име
си се склопчил пред мене во
црн столб, светилник за
загубени бродови
рацете в џеб
ти грчат стравови
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
си изградив самица од непресметливи строфи,
стихови нерамни како зиг-заг рабови на карпи
твојата глава го има точниот волумен за
оформување на збунети и исплашени мисли
да се покријат во скривницата изградена од ќебиња
на наострени перцепции за навиките на комшиката
од влезот бр. 6
- инаку секогаш во доволна залиха на наоружени намери
за добронамерни соседи
(ете ја, таа машина за типкање во ноќта
сто и едно по сто и едно љубовно писмо
под десет прсти со допир на десет илјади мажи
со боси нозе во педесетина и неколку гроздови
трпеливо чекајќи да бидат изгмечени
в вино в очи на пет девојки
некогаш на раце носејќи вода
од селски извори крај пресушени потоци)
за Боб Дилан и Том Вејтс и Дарко Рундек не би спиела
со музички линии кои започнуваат и завршуваат во
извртен круг околу твојата ушна школка
едноставноста е уморна од умисленост
препретенциозно е времево да се правиме на Езра Паунд
премодерно да се замислуваме ќелави библиотекари со валкана поезија
под моливите
преинтертекстуално за да напишеме дека ние сме оние,
зборовладетелите, а зборовите не се веќе престарени од умеење
преавторефернцијално за да ја ставиме сопствената слика на нашиот
надгробен споменик
претранссексуално за да кажеме со сигурност дали тоа беше нежност
или срам меѓу дланките и поплочувано од воздишките со упорност на малтер меѓу ќерамиди
ма, времево е црна дупка на нашето траење
да ги фрлиме часовниците и проголтаме стрелките
ако се загребеме... па, мислам тоа се викаше - фетиш на глад,не?
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
ги отворам бананите од дршката
се ракувам со поштенски сандачиња
ме погледнуваат како да ми испаднале
сите манири на под
закривувам раменици како гребени крај речно корито
никогаш не бев за „пријатно“ и „догледање“
догледувањето е незавршен реквием на
очи кои страдаат од ишијас и младешко перде
треба да сме како оние птици кои ги чуваме во кафезите
кога едниот си оди и двајцата одлетуваат
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
некогаш мислам дека јас требаше да пораснам
за ти да сфатиш
наместо ти да се разбудиш,
за јас да можам да го делам креветот со тебе
дојде да ме земеш од детската градинка
јас, во моите пораснати чевли
со боси стапала
потцети ме дека само децата и пеперутките се’ уште
се радуваат на пролетта
нема место за мене и моите приказни за добра ноќ
меѓу овие песочни кули и скулптури од восок
ти доаѓам сега,
јаболко во кошничка за двајца
тркалезна
црвена
подготвена да биде твојот залак
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Дојди
како Ван Гог чекајќи го Гоген
оргазам! оргазам!
одиме во бордел!
Дојди
историјата е забавна
толку умирања, а никој не заминува
Дојди
најубавите градови мирисаат на септичка јама,
а Св.Стефан се расфрла со звуци на темјан и оргули
Дојди
како вчера родени
како од денот породени
Дојди
на врвот од Ајфеловата кула
ќе ги извикувам имињата на нашите неродени деца
како на стари љубовници
Дојди
ми се молчи под клавирот на Бетовен
да ти ги покажам глувчешките дупки
на неговата шупливост
вешто сочувани во детска игра од окото на критичарите
Дојди
се разведувам од светов
ми треба сведок
ми треба сладолед со екстра пуканки одозгора
Дојди
можам уште да измислувам
Дојди
ми остана клучот во бравата
Дојди
сега сум вечно отворена
Дојди
дочекувам ненајавени гости
Дојди
провери
Дојди
заседи си
Дојди
на кафе
на филм
на чај
на музика
на радост
на шега
на лага
на вистина
на случајно
на планирано
на петти
или на трети спрат
на тераса
на чардак
на сендвич
на кревет
на тросед
на дрвен стол
на песна
на расказ
на роман
на еп ил епопеја
на плукање
на оговарање
на сеир
на безделничење
на младост
на старост
на зрели години
на спомени
на гледање слики
на цртање слики
на стари сметки
на нови долгови
на паметење
на заборавање
на карање
на помирување
на пеглање алишта
на растурање ормани
на губење
на наоѓање
на љубопитство
на досадување
Дојди, де
не се чувствувам воопшто осамено
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Вечно осудена да ѕиркам во можната лавина под нашите нозе
Послужена со шега во шепот
непослушни недослушувања
на гласот ветерници
- сопнувања
недоречености
недовршености
совршени
снегулки
на моето палто
четиризрачна снежинка, „јас
ве љубам, Надењка.“
Не, г-дине Павлович,
вие љубите уште еден расказ во вашата тетратка.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Надењка Шеќернолимонова Зузакова ќе биде недостапна за нови содржини во наредните 18 дена. Во меѓувреме, to keep yourselves busy from missing me - краток расказ од 4 страни (човече!) со посвета. :) Добра ноќ.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
отидов кај гатачка
рече не гледа на кожа
, а јас
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
како композиција погрешни ноти
со „чевли искривени од сни“
навлечени како прав од сушени печурки
погледот ги треби мравките од луѓето
зар на оваа висина можат да се препознаат...
црвени капи и сини панталони
црни коси и почудени изрази
раце во џебови се плеткаат со изгужвани спомени
со еден чадор
и можеме да полетаме
надолу
толку лесно
ете, само уште еден пердув во воздухот
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Мрдни си го газот од фотељата
не сум скриена во ќошот
и не сум ноќното чудовиште под постелата
поминаа и сините возови влечејќи тегет локомотиви
сонцето ти сјае од непцето меѓу забите
бледи полумесечени под твоите подноктици
Мрдни си го газот од фотељата
нов бран надоаѓа и пее на француски
не ќе се разбереме повторно
нашиот е јазик на прашалници
косата ти е вртоглавица и твојот организам е неодлучен
не сум ти спакувана во подарок за роденден
Мрдни си го газот од фотељата
мојата детска смисла за живот се криеше во скривници - расцветан квадрат со правоаголници за латици
не знам што да правам, каде да се ставам
со каде сум, со кого сум
чуму сум и зошто сум
вчера се раздени во денес
се оставив на тротоарите низ градот
пиевме витамин Ц на кило
и повторно си го бркав слонот (ми избега од кафезот)
Мрдни си го газот од фотељата
ти се засадив во домашната саксија
земјата, добро наѓубри ја
се‘ уште не ти виреам в соба,
што се случува?
Мрдни си го газот од фотељата
ме обвинија за практикување синестезија...
Мрдни си го газот од фотељата
...ти треперам пред редовната ТВ програма...
Мрдни си го газот од фотељата
...со лист во раката од последната трауматска терапија
Мрдни си го газот од фотељата
отвори ми ја вратата
заминувам.Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Моментално - дишам.
Малку подоцна - ќе одам во живот.
Нешто ново - наскоро creeping behind the bush near you.Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
На почетокот беа само неколку изгубени реченици:
Седна во својота соба со само празниот лист хартија зјапајќи во него. Ја почувствува мазноста на камчето во својата рака. Реши. Ќе ја вика Амајлија.
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
нормално
се мислев.
можеби си тивок.
во други околини. со други луѓе. во невонредни состојби.
нормално
се мислев.
не палиш цигара за цигара
испуштајќи димни сигнали како
локомотиви на возов кој со татнеж
минува низ крвотоков.
нормално. нели.
во други бои.
без запирања на здивот
три пати во секунда.
нормално, јас сум механизам
за приказни и
со драматични гестови за
запчаници.
во друга облека.
не, оваа
чии штепови се визни граници,
со копчиња - стражарници.
нормално,
ние никогаш не сме „нормално“ заедно.
ненормално Е.
само се гледаме без да се погледнеме.
трудно, некогаш.
издишувам.
ако шпанските мушички
во главата ни играат аргентинско танго,
а очите ни се шајки за подот:
дај, тогаш,
само да си подишеме,
заедно,
м?Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
Овојпат, ти биди Надењка, а јас ќе бидам ветрот.
:)
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
си ја залепувам кожата за стаклото од прозорецот
имам напади на топлина
како и секој пензиониран термовампир
полжави газат по темницана
се слуша крцкање на лепливи чаршафи
по телата на месечари
ти не доаѓаш веќе од вчера
а заминаа, еве, години...
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
мојот прв бакнеж
ми се стопија усните
половина од моите
останаа на неговите
како црвен печат на восок
а тој, се‘ уште затворено писмо
вториот
ми се сплеткаа образите
се нушнав во неговиот мирис
(јас, еж во есенски лисја)
ми ја чепна плетенката... тој
третиот
заплакав
забите како криви кули се зарија во мене
и ме отпечати
(јас, буква на кршлив лист хартија)
не успеав да му ги видам жилите под кожата
само наслушнував со пулсирачки зеници
како му одмерува срцето
сама си ги зарив забите во половина усна
со половина усна
пројдов низ себе
(јас, тунел без дно)
и излегов на другиот крај
се видов
како тој се смееше
и тресеше бакнежи во воздухот
од под ракавот
...
а патеки се истураа под сенилниот дождTweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
сите писма кои сакам да ти ги пратам ми се лепат за непцата
проголтав толку маркици од 50 ден. што сега се носам со
празен новчаник
само за да не западнам во искушение
јас немам што да пишувам
јас навистина немам што да кажам
затоа измислувам
и кога измислувам се разбира, лажам
а тоа како секоја лага
неповикано гради светови
за никој, ниту пак јас се препознае во нив
Tweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments
кругови на дискриминација
разлика меѓу математички симболи за две непознати
...хормони... да, хормони
силата на нежното
паѓање од жицата
за сушење туристички планови
го имам Рим на ум
и повремено те изневерувам со Лисабон во мислите
небото е над Берлин
ние оваа снежна пролет за утеха се покриваме со чадорите
те силувам нежно,
навистина нежно
ко снегот што и‘ налегнува на земјата
слушам музика за девојки
руски девојки во зимата
читам Вуди Ален зборува
за постмодерна стоматологија
стомакот ми се превртува на перница
повторно
за првпат
сонувам за сон на ноќни мори
ноќта ме буричка, мори
се плашат од мене,
а само прашувам каде се останува рамнодушен до рани зори
пролетва се’ уште снегулки ќе рони
се раниме со смешни лузни,
не сме веќе деца, возраста за рака не‘ води
има место за пар прсти под перница
чекам, чекам
на Транссибирската железницаTweet
...јас секогаш во полглас ги изговарам истите зборови: „Јас ве љубам, Надењка!“
0 comments